Почина охридскиот истражувач и археолог Гоце Ангеличин Жура
На 67 години синоќа почина охридскиот историчар на уметност, истражувач и археолог Гоце Ангеличин Жура.
Жура, кој беше дипломец на Филозофскиот факултет во првата генерација на отсекот Историја на уметност со археологија, сиот свој професионален ангажман го мина како советник конзерватор во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид.
Тој беше основоположник и втемелувач на теренските истражувања на пештерските цркви и монашки живеалишта во охридско-преспанскиот регион. Прв истражувач на црквите од турскиот период во поширокиот регион на Преспа и Москополе што резултира со откривање на нови ликови на Светите Климент и Наум, и со тоа пополнува една огромна празнина за овој период. Неговите истражувања резултираат со огромна фото документација, драгоцена за идните генерации и науката во целост.
Гоце Жура ја заинтригира јавноста за вредностите на средновековната уметност преку бројните јавни настапи и соработка во аудио-визуелни проекти. Поради стручната и научна активност и големите доатигнувања, застапен е во Првата македонска енциклопедија. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и Повелбата Патрон на градот Св. Климент Охридски во 2007 година. Има напишано 20 книги и монографии и преку 50 научни трудови.
Гоце Ангеличин Жура ќе биде погребан утре во 13 часот на Градските гробишта во Охрид.
Ново на Сител
-
Штипјанец возел со 3,02 промили алкохол во крвта и удрил во друго возило
-
Муцунски на состанокот во рамки на Берлинскиот процес
-
Во станот во Белград во кој загина Македонецот Мартин Сипковски имало 1.5 кг експлозив
-
Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и пратеник
-
Претрес во дом на струмичанец, пронајдени 300 грама марихуана и засадено стебло канабис
-
Од 1 јануари Србија ќе воведе национален данок на CO2
-
Во Кривичен денеска треба да биде објавена пресудата против три лица за дивите депонии во Вардариште
-
Кривична за злоупотреби и малтретирање против две сопственички на приватни установи за сместување стари лица