Почина новинарот Петар Ѕалев
Во Скопје денеска по кратко боледување почина Петар Ѕалев, долгогодишен новинар и уредник на Македонската радио-телевизија.
Ѕалев, e роден во Битола во 1959 година. Дипломирал новинарство на Правниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а сиот работен век го поминува во Јавниот радиотелевизиски сервис.
Во неговиот богат авторски и новинарски опус, Ѕалев работи и уредува во стопанската редакција на тогашната Телевизија Скопје, а потоа и во Македонската телевизија.
Уредник е на Внатрешно-политичката редакција, а во 2009 година е назначен за одговорен уредник на Информативната редакција на Првиот програмски сервис на Македонската телевизија.
Бил и советник на извршниот директор на Македонската радиотелевизија, позиција од која заминува во пензија во 2023 година.
Петар Ѕалев е сведок на многубројните промени во јавниот сервис од независноста на државата.
Ќе остане запаметен меѓу колегите по ведриот и колегијален дух, професионалноста со постојана подготвеност за објективно и навремено информирање на јавноста.
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Мерката училишна кошница е во тек
-
Модернизација на Националниот електронски систем за документи
-
Независните кандидати не се закана за поголемите партии
-
Спасени 28 давеници во Охридското Езеро
-
Државата започна со откуп на пченица за стоковите резерви
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот