-->
-->
Почина лекарот кој го исклучи Тито од апаратите кои го одржуваа во живот
-->
Докторот Предраг Лалевиќ, хирург и анестезолог кој 16 години беше со претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито и со него патувал на 106 патувања и кој на 4. мај 1980 година го исклучил од апаратите доживотниот претседател на Југославија, почина во Белград на 92 годишна возраст. Тито почина на 4.мај 1980 година во 15.05 часот, а на апарати бил 68 дена. Храната ја добивал преку инфузија, Др. Предраг Лалевиќ го исклучил од апаратите кои го одржувале во живот.
- Ни на шега не смее да се каже дека јас сум го убил. Десет минути пред тоа беше мртов. Му немаше спас. Јас само го исклучив од апаратот кој го одржуваше во живот, рекол во минатото за српските медиуми, Предраг Лалевиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Три месеци условна казна затвор за родител кој му дозволил на малолетен син да вози тротинет во Велес
-

Приведени возачи од Штип и Охрид, возеле под дејство на алкохол и пронајдена е марихуана
-

Малолетник уби едно дете во напад со нож во училиште во Русија, неколкумина повредени
-

Во Штипскиот затвор починал 40 годишен осуденик
-

Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
-

Заврши доказната постапка против екс директорот на Шутка - судењето продолжува со завршни зборови
-

МЗ ќе спроведе вонреден инспекциски и стручен надзор за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија
-

Без вода корисниците од улиците „Вашингтонска“, „Че Гевара“, „Црноок“ и „Бутелски Венец“
