Џет-Сет
26. January 2016 - 21:14

Почина легендарниот пејач Колин Вернкомб

Музичарот Колин Вернкомб (53), познат како Блек, се наоѓаше во критична состојба откако доживеал сообраќајна несреќа во Ирска, објави Би-би-си. Денеска на неговата фан страница на Фејсбук е објавен датумот на неговата смрт – 26 јануари 2016 година. Во текот на денот се очекува поголемо соопштение за јавноста. Пејачот од Ливерпул, кој во 1987 година ја испеа мегапопуларната „Прекрасен живот“ (Wonderful life), се здобил со тешки повреди на главата и се наоѓаше во кома