Почина легендарниот хрватски тренер Чиро Блажевиќ
На ден пред својот 88 роденден почина Мирослав Чиро Блажевиќ, легендарниот хрватски тренер.
Блажевиќ беше прогласен за „тренер на векот“ на Динамо, клуб на кој по 24 години му ја донесе шампионската титула во 1982.
Својата блескава тренерска кариера Блажевиќ ја започна во Швајцарија, во нисколигашот Вевеј, потоа го презеде Сион со кој го освои првиот тренерски трофеј, Купот на Швајцарија во 1974 година. Ги предводеше и Лозана Спорт а во 1976 година ја водеше швајцарската фудбалска репрезентација на два меча. По враќањето во Југославија работеше во Риека, Динамо.
Покрај Швајцарија, беше селектор и на Југославија и Хрватска, а на клупско поле раководеше со клубови во уште шест земји: Франција (Нант, 1988-1990), Грција (ПАОК, 1991/1992), Словенија (Мура 2003) и Кина (Шангај Шенхуа, 2010).
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
