-->
-->
Почина Камерунецот Кунде
-->

Еден од најдобрите камерунски фудбалери на сите времиња Емануел Кунде почина на 68-годишна возраст, соопшти денеска Фудбалската федерација на Камерун.
Кунде беше клучен член на прославената камерунска генерација која испиша историја во 1990 година, станувајќи првата африканска репрезентација што стигна до мундијалско четвртфинале.
Кунде, исто така, учествуваше на Светското првенство во Шпанија во 1982 година, а со репрезентацијата на Камерун го освои Африканскиот куп на нации во 1984 и 1988 година, постигнувајќи го решавачкиот гол од пенал во финалето против Нигерија.
Неговиот придонес во африканскиот и светскиот фудбал ќе биде запаметен, а неговата смрт е огромна загуба за камерунскиот спорт, се наведува во соопштението на Федерацијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Доаѓаат мигранти
-

Се зајакнува соработката меѓу САД и Македонија
-

Бојкот во Управата за матични книги
-

Реевалуација за повредените во „Пулс“
-

Охрид има капацитет за привлекување туристи во текот на целата година
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
