Почина Јулиан Влад, последниот шеф на Секуритате
Јулиан Влад, кој раководеше со озлогласената тајна полиција на Романија, Секуритате за време на комунизмот, почина на 86-годишна возраст, јавија романските медиуми, повикувајќи се на тврдење на негов поранешен колега.
- Влад почина денеска по тешко боледување. Пред извесно време, тој му се исповедал на свештеник, изјави генералот во пензија Петру Неџиу за телевизијата Антена 3.
Јулиан Влад се приклучи на Комунистичката партија по Втората светска војна. Тој беше назначен за шеф на Секуритате во 1987 година и го задржа местото до револуцијата во 1989 година, која стави крај на комунистичкиот режим во земјата.
За време на бунтот беа убиени околу 1.100 лица. Влад тврдеше дека им наредил на своите сили да не отвораат оган.
Во 1990 година, тој беше осуден на 25 години затвор за неговата улога во сузбивање на немирите, но, по четири години беше ослободен.
Ново на Сител
-
Трамп: За две недели ќе знаеме дали е можен напредок во преговорите за Украина
-
Хегсет нареди припадниците на Националната гарда во Вашингтон да носат огнено оружје
-
Важно е да имаме убаво место за живеење | Каја Шукова | Неформално | Sitel Podcast 110
-
ЦУК: Активен пожарот кај селото Тумчевиште, под контрола се пожарите во Јасен и во прилепско
-
Лајен: ЕУ ќе издвои над четири милијарди евра за Украина
-
Лукашенко во телефонски разговор со Трамп се заложил за прекин на воените акции во Украина
-
Илјадници Италијанки жртви на виртуелно сексуално насилство
-
Вучиќ ги повикува студентите во блокада на разговор, тие му одговорија - Прво распиши избори