Почина директорот на ридско-брзинската трка во Пробиштип
Почина директорот на ридско-брзинската трка, која денеска се организираше во Пробиштип. Учесник во трката пред самиот финиш изгубил контрола над возилото и удрил во 62 годишниот Кире Андреевски-Кирца. Поради трагичниот инцидент на патеката, беше прекината ридско – брзинската трка, која беше прва од официјалниот календар на шампионатот на Македонија во автомобилизам.
По здобиените повреди при инцидентот, на пат кон болницата, животот го загуби 62 годишниот долгогодишен автомобилистички судија и директор на трката, член на Автомобилистичката федерација на Македонија, Кире Андреевски-Кирца, информираше градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.
-Сакам да изразам искрено жалење и сочувство до семејството и неговите другари од Автомобилистичката федерација на Македонија. Знаејќи ги сите ризици кои ги носи овој спорт посакувам ваквите немили настани да се што поретки или воопшто да не се случуваат, вели Анастасов.
Ново на Сител
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија
-
Мемеди: Намалена смртноста на детската клиника
-
Локалната најавува капитални проекти
-
Протести во Ореовец