-->
-->
Почина актерот Трајче Ѓорѓиев
-->
Во Скопје, на 57 годишна возраст по долго боледување почина актерот и режисер Трајче Ѓорѓиев.
Ѓорѓиев беше основач, главен двигател на ПАНФИЗ, меѓународниот фестивал за пантомима кој опстојува 16 години. Бил активен на македонската сцена, но и во театарскиот живот во регионот.
Во својата долгогодишна и исполнета кариера добитник е на „Гран при“ за најдобра претстава и најдобра режија за повеќе претстави меѓу кои и „Кралот Иби“ „Настојник“ „Домот на Бернарда Алба“ и други.
Во 2006 година е добитник на две големи награди за претставата „Човекот“ – награда за најдобра сценска игра на фестивалот „Златен рис“ во Бања Лука и наградата на директорите на фестивалот на Меѓународниот фестивал во Габрово, Бугарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана
-
ЦУК: Регистрирани седум пожари на отворен простор, два сè уште активни
-
Поскапуваат горивата
-
Приведен маж од Скопје, возел со 2,90 промили алкохол во крвта
-
Сител Телевизија вработува водителка на временска прогноза