Македонија
5. December 2020 - 11:45

Почина 25-годишник откако со возило излетал од патот

На 04.12.2020 во 23.30 часот било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, кај с.Агино Село, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од с.Агино Село, излетало од патот.

По незгодата, возачот и сопатниците биле пренесени Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде кај  С.Т. била констатирана смрт, а кај сопатниците Ж.Ѓ. Ф.Д. и Б.А., биле констатирани телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.