Македонија
20. March 2019 - 15:45

Почина 19-годишната девојка на која и беше ампутирана ногата од сообраќајката кај Ласкарци

Уште една жртва на трагичната автобуска несреќа на патот Скопје – Тетово. Денеска, на повредите им подлегна 19-годишната девојка, на која, по несреќата и беше ампутирана ногата.

„И покрај сите напори на лекарите да и го спасат животот, односно да ги санираат повредите, девојката почина денеска околу 13 часот“, потврдиле за „Независен весник“, д-р Алберт Леши, раководител на Клиниката за траумалкогија, ортопедија, анестезија и анимација при Клиничкиот центар во Скопје.

Таа е 16. жртва на несреќата кај Ласкарци што се случи на 13 февруари кога автобус на „Дурмо турс“ полн со патници излета возејќи од Скопје кон Гостивар.