Почесниот конзул на Косово на информативен разговор во полициска станица Карпош, се поврзува со бегството на Груби
Почесниот конзул на Косово во земјава, Арсим Папранику во моментот е на информативен разговор во полициската станица Карпош.
Тој, според објавите на медиумите, се поврзува со напуштањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби на Косово.
Премиерот Христијан Мицкоски во понеделникот во гостување во „Click Plus" на ТВ21, откри дека Груби со дипломатско возило со еден стопанственик заминал за Косово.
-Моите информации се дека поранешниот директор на Државна Лотарија подолго време не е во земјата. Додека, поранешниот вицепремиер во текот на вчерашниот ден со еден стопанственик, со возило со дипломатски таблици ја напуштил Македонија и се упатил кон нашиот северен сосед Косово, рече Мицкоски.
Груби во неделата преку објава на Фејсбук напиша дека е во приватна посета на Косово и дека за тоа е известено неговото лично полициско обезбедување.
-Денеска патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување, напиша Груби во објавата.
Груби и директорот на Државна Лотарија Перпарим Бајрами, кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија, се недостапни за органите на прогонот. Основниот кривичен суд им одреди мерка притвор од 30 дена, а денеска Министерството за внатрешни работи распиша и меѓународна потерница.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување