ПОЦ ќе набавува машини за чистење на паркинзите

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје распиша објава за јавна набавка на машини за чистење на паркиралишта.
Како што информираат од ПОЦ набавката на машините е со цел да се одржи хигиената и чистотата на јавните паркиралишта со кои стопанисува јавното претпријатие и катните гаражи, како и да се подигне свеста на граѓаните за заштитата на животната средина и нејзиното одржување.
- Предвидено е понудувачот да достави понуда за набавка на два типа на машини за чистење: машина за суво чистење (вшмукување) и машина за чистење на вода (чистење на гаражи со мазни површини). Проценета вредност на набавката изнесува 900.000 денари без вклучен ДДВ. Постапката ќе се спроведе со електронски средства преку системот на ЕСЈН со користење на електронска аукција. За најповолен понудувач ќе биде избран понудувачот кој ќе понуди најниска цена на аукцијата, информираат од ПОЦ.
Тендерот е објавен преку Електронскиот систем за јавни набавки на
4 септември 2017 година, а краен рок за доставување на понуди е до 14-ти овој месец.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија
-

Изборен молк
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
