Свет
24. May 2018 - 19:17

Побеснетиот хавајски вулкан ги воодушеви научниците: Додека сите бегаат, а островот се распаѓа, тие забележаа ретка појава

Научниците кои го проучуваат подивениот вулкан Кулауеа се воодушевени зошто во време на застрашувачките ерупции кои ги тресат Хаваите веќе 20 години забележаа ретка појава.

Имено, тие успеаја да снимат многу редок феномен на син пламен. Вулканот произведува метан кога зажарената лава ги спржува и прекрива дрвјата и билките. Гасот поминува низ земјата и се пробива низ постоечките пукнатини и на тој начин создава син пламен.

Научниците велат дека овој феномен дава нова димензија на катастрофата која го погоди овој рајски остров.

„Ова е многу драматично, помалку застрашувачкот. Ова втор пат го гледаме“, вели Џим Кауахикауа од американскиот геолошки институт.

Иако оваа ретка појава ги заинтересира научниците, Кауахикауа истакнува дека нема никаква причина за восхитеност. Имено, метанот може да предизвика експлозија додека е заробен под земјата, а тоа во превод значи дека големи делови од земја и камења можат да одлетаат во воздух и да станат смртоносни проектили.

Од подрачјето околу вулканот во последните 20 дена се евакуирани над 2.000 луѓе, а уништени се 50-тина објекти. Самиот вулкан предизвика повеќе од 20 пукнатини од кои без престан излегува лава, пареа и сумпор диоксид.