-->
-->
Победа на ПСЖ за скок на врвот
-->
И покрај тоа што неодамна се жалеше дека има премалку фудбалери поради повреди и позитивни тестови на КОВИД-19, Томас Тухел може да биде задоволен откако Пари Сен-Жермен предводен од Килијан Мбапе стигна до 4:0 победа на гостувањето кај Ним за да се искачат на првото место на табелата.
Тухел реши да го одмори Нејмар пред дуелот од Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед следната недела, така што одговорноста ја презеде Мбапе. Работите станаа полесни откако Ним останаа со играч помалку по црвениот картон на Лоик Ландр над Рафиња по само 12 минути игра.
Мбапе го скрши отпорот на домаќините во 32. минута со прекрасен гол, за во финишот на мечот „светците“ да постигнат уште три гола. Алесандро Флоренци во 78. минута зголеми на 2:0, Мбапе само пет минути подоцна го постигна вториот гол, пред Пабло Сарабија во 88. минута да ги постави конечните 4:0.
ПСЖ сега е лидер во Лига 1 со 15 поени по седум меча, исто колку што има и второпласираниот Рен по нивното 1:1 реми со Дижон во првиот петочен натпревар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Папа Лав Четиринаесетти: Парите одат кај „трговците со смрт“ наместо во болниците и училиштата
-
Приведени пет лица од Турција на македонско–грчката граница, оствариле нелегален влез во државата
-
Две деца се степале на игралиште во Аеродром
-
Кривична против 46-годишник од Пробиштип, со остар предмет се заканувал на неговата сопруга
-
65-годишна жена од Австралија прегазена во Охрид
-
Кривична против три лица од Струга, физички нападнале малолетник и му нанеле тешки телесни повреди
-
Хамнеи прогласи победа на Иран над Израел во 12-дневната војна
-
Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир до ОЈО ГОКК