По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција

Повеќе од 100 последователни потреси беа почувствувани по земјотресот со јачина од 6,1 степен што го погоди регионот Баликешир во Турција синоќа, од кој најсилниот беше со јачина од 4,4 степени.
Во земјотресот беа повредени 18 лица, а турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека се примени 504 пријави, вклучувајќи 25 пријави за структурни оштетувања.
Според соопштението на Канцеларијата на гувернерот на Баликешир, училиштата денеска нема да работат, а исто така беше објавено дека бремените жени и лицата со попреченост кои работат во јавни институции и организации се ставени на административен одмор, објави Хаберлер.
Училиштата беа затворени и во пет области на Маниса.
Најавено е дека образовните институции ќе ја прекинат работата за еден ден во областите Акхисар, Сома, Демирџи, Кирикагач и Гердес.
Гувернерот на Баликесир, Исмаил Устаоглу, давајќи изјава во 1:30 часот утрово, објави дека се урнале три згради тешко оштетени во претходниот земјотрес, кои биле ненаселени, и една двокатна продавница во центарот на Синдирги.
„Имаме 22 граѓани кои се пријавиле во нашите болници. Четворица од нив се отпуштени“, рече Устаоглу, додавајќи дека нема жртви.
Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди округот Синдирги во Баликесир синоќа во 22:48 часот по локално време. Тресењето на земјата беше почувствувано и во Истанбул и околните провинции.
Идентичен земјотрес, со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала, се случи во истиот регион и на 10 август годинава.
Меѓутоа, синоќешниот земјотрес беше поблиску до површината, што предизвика неговиот интензитет да се почувствува поинтензивно.
Телото за управување со катастрофи и вонредни ситуации-АФАД објави дека земјотресот бил на длабочина од 5,9 километри.
АФАД ги предупреди граѓаните да не влегуваат во оштетените згради во подрачјето погодено од земјотресот.
„Избегнувајте да бидете во близина на згради со висок ризик. Одржувајте комуникација преку услуга за кратки пораки (СМС) и софтвер за интернет пораки. Следете ги предупредувањата на официјалните власти“, се наведува во предупредувањето на АФАД.
МИА
Ново на Сител
-

Гордост и успех за македонските студенти! Прием на ФФОСЗ за каратистите и кикбоксерите по меѓународните успеси
-

Александар Јовановски нов директор на „Комунална хигиена“ – Скопје
-

Лажно се претставил како полицаец, па на едно лице му одзел пари, платежна картичка и документи за возило
-

САД и Кина заедно ќе работат за завршување на војната во Украина
-

Крадец влегол во дом на Бит Пазар, одзел накит, па откако сопственичката го затекнала, ја бутнал и побегнал
-

Возач со „ауди“ удрил во 76-годишна жена и тешко ја повредил
-

На ГП Долно Блаце уапсен 28-годишен косовец кој возел „бмв“ барано од Интерпол
-

Пукање со огнено оружје ноќеска во Струга, полицијата презема мерки за расчистување на настанот
