По украински напад, потона руски брод на пат кон Змискиот Остров
Руски брод кој доставувал оружје на стратешки важниот Змиски остров бил потопен откако бил погоден од украински ракети, потврди воен претставник доцна синоќа.
Рускиот црноморски реморкер „Василиј Бех“ претходно, во текот на вчерашниот ден, беше оштетен од противбродски проектили што Данска и ги достави на Украина. „Подоцна се дозна дека потонал“, соопшти преку Телеграм Максим Марченко, воениот гувернер на Одеса.
Тврдењето не може да биде проверено од независен извор, а руската страна не го коментираше случајот.
Бродот, опремен со противвоздушен одбранбен систем Тор, беше погоден со ракети Харпун и вчера беше тешко оштетен. Дестинацијата на влечното пловило беше Змискиот Остров, во близина на јужниот украински брег, кој беше окупиран од руските сили кон крајот на февруари. Василиј Бех не е првиот брод што го загуби руската Црноморска флота за време на војната. Руската страна ја потврди загубата на десантниот брод „Саратов“ и на ракетниот крстосувач „Москва“.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
-

30% од вкупниот отпад во Македонија завршува на диви депонии
