По триесет години „Кифи Ди“ прогласен за виновен за убиството на Тупак Шакур

Поротата во Лас Вегас го прогласи поранешниот водач на бандата „Саут сајд Комптон крипс“ – Дуејн Кит Дејвис, за виновен за убиството на Тупак Шакур, затворајќи го случајот речиси 30 години откако познатиот американски рапер беше убиен.
Познатиот „Кифи Ди“ (63) беше обвинет за поттикнување смртоносната пукотница, иако самиот не го повлекол чкрапалото. Тој со години им кажувал на истражителите и новинарите за неговата директна вмешаност пред да биде уапсен во 2023 година.
На поротата ѝ беа потребни околу три часа за да донесе пресуда за случајот којшто во голема мера се потпираше на бројните признанија на Дејвис, вклучувајќи го и неговиот исказ за убиството во неговите мемоари од 2019 година „Легендата на улицата Комптон“. За време на судењето што траеше неколку недели, окружниот обвинител на Округот Кларк, Марк Диџакомо, и главниот заменик-окружен обвинител Бину Палал повикаа 25 сведоци – вклучувајќи и некои кои не сакаа да го сторат тоа, во процесот против Дејвис.
Адвокатот на Дејвис, Мајкл Санфт, се обиде да ги прикаже приказните и изјавите како претерани и украсени тврдења од човек кој сакал да заработи од јавниот интерес и многуте неодговорени прашања околу убиството на Тупак.
Шакур е роден во 1971 година во Ист Харлем, во Њујорк, и се здоби со слава на почетокот на 1990-тите со својот поетски стил на рапување, којшто нудеше и остри коментари за социјалните неправди, вклучувајќи го системскиот расизам, полициската бруталност и тешкотиите со коишто се соочуваат маргинализираните заедници.
Сметан за еден од најголемите рапери на сите времиња, тој влијаеше на генерации и продолжи да се слави низ целиот свет дури и години откако неговиот живот беше прекинат. Имаше само 25 години кога почина в болница, неколку дена откако четирипати беше застрелан автомобил во Лас Вегас.
Судијката на Окружниот суд на округот Кларк, Карли Кирни го закажа изрекувањето на пресудата за 13 октомври.
МИА
Ново на Сител
-

ОЈО ГОКК побара притвор за Јованов во истрага за поткуп за лиценца - Судот ќе одлучува утре
-

Медицински факултет: Избраните кандидати беа далеку подобро рангирани од д-р Василевски - не беше доведен во понеповолна положба
-

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов, Кривичен суд ќе одлучува утре
-

Осуденичка од САД преживеала егзекуција - не ја усмртиле ниту две дози смртоносна инјекција
-

Советот на Град Скопје донесе одлука за намалување на бројот на предвидените нови вработувања во јавните претпријатија и установи
-

Од денеска до 5 октомври пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Цар Самоил добива саркофаг од македонски мермер со натпис „Самоил во Христа Бога, цар на Бугарите“
-

Неверојатен случај во Фиџи: 40 килограми кокаин чувани како доказ во суд исчезнале и биле заменети со брашно
