-->
-->
По Шведска и во Данска почнаа да се вандализираат автомобили
-->

Данска е зафатена од бран на вандализам, откако во целата земја непознати лица кршат автомобили или ги каменуваат на мостовите на магистралите, пишува Бизнис инсајдер.
Вандализмот во Данска следи по сличните настани во соседна Шведска, каде минатата година беа нанесени штети на над 2.000 автомобили.
Дваесет и шест автомобили се запалени во Копенхаген во текот на изминатата недела, а дваесетина автомобили низ целата Данска биле каменувани на мостовите, при што во еден од случаите загинал германски турист.
Данската полиција смета дека меѓу двете слични злосторства нема поврзаност.
Засега нема приведени, а мотивите за вандализмот остануваат непознати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
