По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија

По седум години судски процес, Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13, објави дека е ослободен од обвиненијата во случајот „Меѓународен сојуз“. Апелациониот суд Скопје ја променил претходната пресуда со која беше прогласен за виновен и донел одлука со која тој и другите обвинети во предметот се ослободуваат од обвиненијата.
Информацијата првично ја соопшти неговиот адвокат Сашо Дуковски, по што се огласи и самиот Јовановски преку социјалните мрежи, објавувајќи порака до јавноста, пренесе 4news.mk.
Во својата реакција, Јовановски истакна дека по седум години правна битка конечно е ослободен и дека се чувствува невин. Тој ја поздрави одлуката на Апелациониот суд, додека претходната пресуда и обвинението ги оцени како неправедни и правно неосновани.
Воедно, упати остри критики до поранешната обвинителка Вилма Рускоска, како и до судијката Софче Гаврилова-Ефремова, која ја донесе првостепената пресуда.
Јовановски нагласи дека долгогодишната постапка оставила последици врз него и неговите најблиски, посочувајќи дека периодот бил особено тежок за неговото семејство и пријателите. Им се заблагодари на сите кои му биле поддршка во текот на судскиот процес.
„Правдата е спора, но достижна! Ова е победа над злото! Благодарам на сите кои што ми беа вистинска поддршка сите овие години! Нека живее вистината и правдата“, порача Боки 13.
Инаку, во октомври 2025 година, во повторената постапка за случајот „Меѓународен сојуз“, Јовановски беше осуден на петгодишна затворска казна за измама и перење пари. Според наводите во обвинението, преку проект за изградба на домови за стари лица биле измамени двајца бизнисмени, а дел од парите што биле уплатени биле пренасочени за финансирање на телевизијата „1ТВ“ и за лични потреби.
Претходно, во 2022 година, Јовановски во првичната постапка доби девет години затвор. Сепак, две години подоцна, во 2024 година, Апелациониот суд ја укина таа пресуда и го врати предметот на повторно судење.
Ново на Сител
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
-

Брисел бара посилна борба против корупцијата
-

Бизнисменот Зоран Азманов нападнат во судница во граѓанскиот суд
-

За 4.000 евра заем, барале 2.500 евра камата - детали за вчерашната акција во Куманово
-

Директорот на средното уметничко тврди дека ученикот испрскал пепер спреј, а не солзавец
-

Во Македонија нема адреналински пенкала кои спасуваат животи од тешки алергиски реакции
-

Прв „Нефро-Самит“ во Скопје во организација на Клиниката за нефрологија
