Македонија
14. July 2023 - 11:53

По примерот на Нина од Нови Сад, дечиња од Гевгелија продаваат крофни и други работи за да и помогнат на Луна

Група дечиња од Гевгелија на плоштадот во градот организираат штандови за продaвање крофни, обетки, облека, мед, слатки, лимонада за собирање средства со кои ќе и помогнат на 14 годишната Луна Поп Костова од Гевгелија, девојче кое боледува од тешка болест и за која итно се потребни средства за операција во Турција.

Ваквата идеја на малите другарчиња на Луна, наидоа на позитивен оддек во Гевгелија, па жителите на овој град од самото отварање на штандот до доцните часови во ноќта доаѓаа и купуваа од подготвените крофни и други јадења, купуваат лимонада, облека, мед и се она што беше на штандовите за да помогнат во целиот процес.

Продавачи и организатори на штандовите се другарите на Луна, кои и ја започнаа оваа мисија, а истите вложуваат максимални напори да привлечат што е можно повеќе луѓе.

На штандот беше и Марија, девојчето кое се испирираше од малата Нина од Нови Сад и ја започна хуманитарната акција за Луна од Гевгелија.

Во целиот процес се вклучени и многу другу дечиња на различна возраст, секој од нив има свој удел и начин на кој помага во целиот процес.

Луна е девојче кое поради компликации при порагај има сериозни здравствени проблеми, а нејзината мајка Елена, која ја води оваа битка за својата ќерка, вели дека здравствена состојба на Луна значително се влошува.

Влошувањето на состојбата е и причина Елена како мајка со поддршка на нејзините роднини и пријатели да се обратат во Турција. По долгите анализи, од болницата во Турција ги известиле дека ќе бидат потребни две операции, а целиот овој процес ќе чини многу пари.

Со оглед на високата сума потребна за лекување, неминовна и неопходна  е помошта од сите хумани граѓани со цел Луна да може да замине на лекување. Токму затоа Елена била позитивно изненадена и со радост ја прифатила идејата на малите дечиња кои предложиле свој начин за помош, а помош ќе добијат и од општината.

Со цел собирање на финансиките средства потребни за операција во што е можно побрз период, градот Гевгелија и Црвен Крст ораганизираат хуманитарен концерт на 21 Јули на плоштадот во градот на кој секој ќе може да донира. Во акцијата за собирање средства се вклучени и други музички групи кои преку своите настапи собираат помош, а хуманитарен пазар ќе се организира и во Валандово. Елена, мајката на 14 годишната Луна ги повикува сите хумани граѓани да донираат на трансакциската и девизна смета како и на телефонските броеви, затоа што секој ден е од голема важност и што побрзо се соберат средствата толку се поголеми шансите за операцијата да биде успешна.

Можност за донации: 
А1 143-478
Тelekom 143-103

Денарска сметка: 270 700 080 222 150 
ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ

Девизна сметка: IBAN -MK07270700080222344
SWIFT-EXPCMK22
ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ

 

https://www.gofundme.com/f/apel-for-help-luna-popkostova?member=27944667...

 

Кирил Стојанов