По повод Велигден автобусите од јавниот превоз во петок и понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред
Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека по повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 18.04.2025 год. (петок) до 21.04.2025 год. (понеделник), автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Работно време на билетарници и центри за персонализација
Во сабота (19.04.2025 год.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време.
Во петок (18.04.2025 год.) и недела (20.04.2025 год. ) дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар.
Работно време на Жичница
Жичницата од петок (18.04.2025 год.) до недела (20.04.2025 год. ) ќе работи со редовно работно време, од 10 до 18 часот, а во понеделник (21.04.2025 год.), вообичаено како и секој понеделник нема да работи.
Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР