По повод Рамазан Бајрам, ручек за мигрантите во ТЦ Табановце

По повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, денеска во Транзитниот центар Табановце невладините организации подготвија ручек и донесоа подароци за децата.
- На овој голем празник на муслиманите, ние се организиравме и се солидаризираме со бегалците. Убаво е да се види дека сите се расположени, сакаме барем малку да се почувствуваат како да се во своите домови во Сирија, изјави Едмонд Латифи од организацијата „Легис“.
Координаторот на Транзитниот центар Горан Стојановски изјави дека заедно со Црвениот крст и останатите невладини организации и институции се организирале за да им излезат во пресрет на бегалците и мигрантите. Додаде дека ќе има и спортски игри меѓу бегалците и присутните претставници на различните институции во центарот.
- Вкупно 63 бегалци се од Сирија, а останатите се од Авганистан. Најголем процент се семејства со деца. Луѓето останаа во Центарот веројатно од две причини, немаат доволно средства или сакаат по легален начин да го продолжат патувањето кон посакуваните земји. Наша одговорност е да се грижиме максимално за овие луѓе, без разлика дали се 1.500 или 80 како што се сега, изјави Стојановски.
Тој објасни дека во центарот лицата се движат слободно и оти добиваат хуман третман во секој поглед.
- Патот понатаму го избираат самите. Дали ќе заминат илегално, останува на нашите служби и институции доколку ги забележат, веднаш да ги вратат преку Гевгелија кон Грција, додаде Стојановски.
Транзиниот центар се доуредува со нови содржни, како што се канализациската мрежа од која корист ќе има и месното население во Табановце, се работи на водоводната мрежа и на дел од патот. Во моментов привршува монтирањето на соларните системи на новите туш кабини.
Според проценките на Стојановски, се очекува обврските од инфраструктурата да бидат завршени до средината на август годинава.
Ново на Сител
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
-

Министерката Јаневска на 24. Светски образовен форум во Лондон, ќе се обрати на панел дискусија посветена на креирање политики базирани на факти
-

Кина: Постигнат е напредок во трговските преговори со САД
-

Мицкоски за законот за игри на среќа: Се става ред и дисциплина во игрите на среќа
-

Претседателката Сиљановска-Давкова ја посети Македонската православна црква во Љубљана
-

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница
-

Четири медитерански земји предупредуваат на ризик од нова миграциска криза
