По повод нашето учество на ЕП, Дендиас преку писмо до Османи бара целосно спроведување на Договорот од Преспа
Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, по повод учеството на Македонија на Европското фудбалско првенство, испратил писмо до неговиот колега Бујар Османи, во кое бара целосна и доследна имплементација на Договорот од Преспа, но и употреба на кратенката „НМ“ или „РНМ“ наместо „МКД“, брифираат грчки дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина.
Според дипломатските извори од Грција, Дендиас во дописот пишува дека иако во Договорот, како што е предвидено во член 1, параграф 3, точка е, кодот за името Македонија во Меѓународната организација на стандардизација (ИСО), останува „МКД“, „употребата на конкретниот акроним на ЕУРО 2020 не може да биде прифатен од Грција“.
Истите извори додаваат дека во рамките на меѓународната практика на целосното имплементирање на договорот, како и обидите за одржување на позитивна динамика во билатералните односи, „ Македонија мора да користи акроним што одговара на нејзиното име, како што е „NM“ ( Macedonia) или алтернативно „RNM“ (Republic of Macedonia)“.
Дополнително, во писмото Дендиас истакнал дека треба да се реши и прашањето со промена на името на Фудбалската федерација, но и побарал Османи да интервенира за решавање на овие прашања во рамките на добрососедските односи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
