По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
Од мала барака со дваесетина вработени и фирма – дистрибутер на само еден бренд во 79-тата, до компанија со современо производство и над 170 производи. 45 години подоцна Пекабеско денеска брои 410 вработени, постојано инвестира во модернизација на производството и логистиката, ги исполнува сите стандарди за квалитетет и има дозвола за извоз на Евроспките пазари
- Кога се распадна Југославија, многу луѓе станаа трговци. Формираа фирма, со еден, 2 вработени и ни станаа конкуренти. Ние сакавме со нешто свое, кое ќе го произведеме овде, со кое ќе бидеме поконкурентни, да настапиме на пазарот. Пошто веќе го имавме знаењето, знаеме како и каде да се пласира, го знаеме пазарот, изјави Слободан Кутревски, прв извршен директор на Пекабеско
Како општествено одговорна компанија, по повод 45 години јубилеј, менаџментот одлучи наместо за забава, парите да ги донира, таму каде што е најпотребно.
- Одлучивме 20.000 евра да ги донираме во Детската клиника за набавка на инкубатори, како и 10,000 евра за изградба на детско игралиште во општина Илинден, додава Кутревски
Компанијата произведува над 1,000 тони месечно сувомеснати производи, кои се познати не само на македонскиот, туку и на пазарите во регионот.
- Граѓаните, за жал, најмногу купуваат виршли, тоа што е најевтино, но се продава добро и куленот и чајната кои се со многу добар квалитет, додадва Кутревски.
Од основањето до денес компаниијата има инвестирано над 60 милиони евра, од кои скоро половината се во последните 13 години.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар