По повеќе од 12 часа нормализирано снабдувањето со струја во Скопје
Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во оние делови од Скопје, кои повеќе од 12 часа останаа без струја по вчерашното краткотрајно невреме што го зафати главниот град, информираат за МИА од ЕВН Македонија.
Дел од скопските населби синоќа останаа без струја, а причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија, според ЕВН Македонија, биле два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“.
Во утринската информација од ЕВН Македонија беше посочено дека нивни екипи работеле цела ноќ за да го поправат дефектот кој настанал како резултат на вчерашното силно невреме.
Невремето што синоќа зафати делови од главниот град предизвика повеќе штети - паднати дрвја, оштетени автомобили, кровови, поплавени домови...
Ново на Сител
-
Запален автомобилот на Ѓорги Галетановски - Чомбе | ВИДЕО
-
Му го запалил глисерот на брат му во Охрид, пожарот зафатил зграда и автомобил
-
Атина два дена без такси превоз
-
За една недела санкционирани 132 непрописно паркирани возила во Центар
-
Елисејска палата: Макрон ќе именува нов премиер во следните денови
-
Активен пожарот во Никуштак, екипите на терен, во кумановско вчера повеќе пожари
-
Коперникус: Август 2025 е третиот најтопол месец досега
-
ЦУК: Активни пожари во Липково и во Студеничани, 29 изгаснати