По оставката на министерот за внатрешни работи на Франција, левицата врши притисок врз Фијон

Откако францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ле Ру поднесе оставка по сомневањата дека злоупотребил јавни фондови, левицата бара иста постапка и за Франсоа Фијон, кој иако официјално е обвинет и понатаму е кандидат на десницата за претседателските избори, јавува дописникот на МИА од Париз.
Левицата не можејќи да каже дека Бруно Ле Ру е чист како солза, го подвлекува сега неговото чувство за одговорност и правда. Истовремено, таа го користи случајот на поранешниот министер за внатрешни работи да бара сличен потег и од Франсоа Фијон, кој е обвинет дека овозможил фиктивни вработувања на членови на своето семејство.
Социјалистичката партија не ја пропушти приликата, а да не ја подвлече разликата во однесувањето, па таа бара „експресно“ од Франсоа Фијон да ја повлече кандидатурата за претседател.
Претседателот Франсоа Оланд, пред својот Министерски совет (владата) исто така додаде дека „Примерната република не толерира никаков сомнеж кон лицата кои ги вршат највисоките функции или кои сакаат да заземат високи функции. Имиџот на демократијата е тој кој што е во игра, квалитетот и достојноста на изборната дебата со тоа се загрозени“ – рече шефот на државата без да именува никого, но мислејќи на Франсоа Фијон, кандидатот на Републиканците и на Марин Ле Пен, кандидатката на Националниот Фронт и двајцата со обвиненија за фиктивни вработувања.
Десницата како одговор на ова тврди дека станува збор за предизборни маневри и политички манипулации.
Во меѓувреме, истражните органи во Националното Собрание, како што јавија повеќе медиуми, заплениле документи кои оставаат сомнеж дека Франсоа Фијон доставил лажни документи за да ги оправда платите на неговата сопруга Пенелоп Фијон, со што неговото обвинение добива и нова графа- тешка измама.
Од своја страна весникот Канар аншене, во денешното издание тврди дека Фијон имал договор со Фуад Макзуми во вредност од 50.000 долари, според кој требало да биде посредник кај руските власти, меѓу кои и Путин.
Од Москва веднаш пристигна демант дека Путин нема потреба од Фијон како посрдник за да се сретне со бизнисмени.
Ново на Сител
-

Во Обединетото Кралство секој ден во просек по петтмина Албанци се осудуваат на казна затвор
-

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница
-

Трамп до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол
-

Мицкоски: Се разгледуваат нови мерки ако за тоа има потреба, ќе се одредуваат согласно глобалните состојби
-

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола
-

Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје во последното деноноќие, во Штип синот го нападнал својот татко
-

Мицкоски: Состојбата со горивата во овој момент е стабилна, нема потреба од какво било ограничување
-

Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект, а во една обложувалница биле затекнати малолетници
