По короната, Сингапур станува целосно 5G држава
За крајните корисници тоа би значело побрзо и многу посодржајно интернет искуство, на повеќе различни уреди. За бизнисот тоа е шанса за многу попаметно осмислен процес за произведување, па се очекува автомобилизацијата да доведе до голем раст на економијата. 5G е ракетно гориво на растот.
Кога пандемијата коронавирус конечно ќе запре Сингапур ќе биде една од точките на глобусот чие технолошко опкружување ќе биде понапредно од кога и да е.
Имено, кон крајот на месец април, телекомуникациските власти во градот оформиле компанија со која што заедно би ја создале првата 5G заедницата на светот, каде што во секое едно ќоше ќе биде возможен пристап до најсовремената интернет и мобилна технологија.
Желбата на властите е новата технологија значително да ја унапреди локалната телекомуникациска инфраструктура и да ја зголеми интерконективноста во целата држава.
Тоа би можело да доведе до целосно искористување на интернет работите и да го унапреди Сингапур во еден од првите целосно паметни градови.
Владата, во рамките на оваа иницијатива, за почеток планира да вложи 40 милиони долари за целосна трансформација на Сингапур во водечката дигитална економија.
Една од првите компании која што почна да ги истражува можностите на 5G мрежата е познат произведувач на хардвер за видео игри „Razer“, кој што ги испитува можностите на напредниот 5G гејминг, за кој се предвидува дека би можел да направи револуција во светот на видео игрите.
За подобро да се подготват за доаѓањето на 5G технологијата, во сите системи на државата, компанијата како што е „Verizon Media“ веќе почнала да се занимава со напредни испитувања на проширувањето на технологијата и виртуелната реалност, како и примената на вештачката интелигенција, роботика и 5G опкружување.
Во блиска иднина, на улиците во Сингапур би се користеле автомобили без возач, додека пак сообраќајот би го регулирала паметна контрола сместена во составот на паметните семафори.
Ново на Сител
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто
-
Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?