По изборот на Трамп, Техеран се надева дека САД ќе ги преиспитаат „погрешните пристапи од минатото“
Иран, кој со децении има затегнати односи со САД, изрази надеж дека изборот на Доналд Трамп ќе му овозможи на Вашингтон „да ги преиспита погрешните пристапи од минатото“.
„Имаме многу горчливи искуства со политиките и пристапите на различните американски влади“, изјави портпаролот на иранската дипломатија Есмаил Багај, пренесе официјалната агенција ИРНА.
Тој апелираше до Вашингтон да ги преиспита погрешните пристапи од минатото.
Иранските медиуми денеска опширно известуваат за резултатите од претседателските избори во САД.
„САД се големиот сатана, кој и да е претседател“, пишува весникот „Кејхан“.
Владиниот весник „Иран“ наведува дека „иранската економија е погодена од притисоци, но дека сега ситуацијата е поинаква и дека Трамп повеќе нема да може да го изолира Иран и да и наштети на економијата“ на земјата. За време на неговиот прв мандат, Доналд Трамп одржуваше многу тензични односи со Техеран, анализираат медиумите.
Во мај 2018 година, тој еднострано ги повлече САД од договорот за иранската нуклеарна програма и повторно воведе остри санкции кон Техеран, и покрај договорот склучен со големите сили.
Ново на Сител
-
28 годишник физички нападнал доктор во тетовската болница
-
Пожар во старечки дом во Кавадаречко, се евакуираат 30 лица
-
Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, пикот се очекува кон средината на февруари
-
„Најтажниот ден“ во годината
-
Скопје со умерено аерозагадување, Сараево најзагаден град во светот
-
Конан О'Брајан домаќин на 97. доделување „Оскари“
-
Одбиено барањето на Палевски за изземање на судијата Стефановски, сведокот Гоце Трајковски се уште недостапен
-
Дел од Општина Ѓорче Петров без вода