По инцидентите, граѓаните и студентите се собираат пред српскиот Парламент
По инцидентот во српскиот Парламент, полиција е распоредена во холот, а пред Собранието се собираат студенти и граѓани. Претседателката на Парламентот, Ана Брнабиќ изјави дека три пратенички се повредени.
Таа истакна дека седницата ќе трае до 18 часот, во согласност со деловникот.
Додека се обраќаат пратениците од владејачката СНС и СПС се слушаат вувузели и свирчиња. Опозициските пратеници така ги попречуваат пратениците да зборуваат.
На почетокот на пролетната седница на Собранието на Србија опозициските пратеници фрлија димни бомби и истакнаа транспарент на кој пишуваше „Србија стана за режимот да падне“. Пратениците од владејачката партија извикуваа „Усташи“ и вееја српски знамиња. Тие фрлаа со шишиња со вода, при што една пратеничка е погодена во глава.
Седницата на Собранието на Србија беше прекината откако опозициските пратеници ја напуштија салата, при тоа активирајќи пиротехнички средства.
Инцидентот се случи откако беше усвоен дневниот ред и министрите почнаа да влегуваат во салата.
Опозициските пратеници запалија црвени и црни димни бомби и истакнаа транспарент на кого пишува „Србија стана за режимот да падне“.
На социјалните мрежи се појави видео-снимка на која се гледа како една пратеничка е погодена со предмет во глава. Според снимката предметот е фрлен од клупите на владејачкото мнозинство.
Брнабиќ тврди дека предметот бил фрлен од претставниците на опозицијата.
Таа ја нарече опозицијата терористичка банда.
Насобраниот народ и студентите пред Парламентот свират, извикуваат „Уа“ и „Крадци“, носат транспаренти на кои пишува „Корупцијата убива“, „Наш протест“.
Пред зградата на Парламентот се распоредува полиција за разбивање на демонстрации.
Ново на Сител
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети
-
Приведен 35-годишник, возел со 1,84 промили алкохол
-
До четврток облачно со повремен дожд, во петок стабилизирање на времето
-
Кавадарчанка физички нападнала своја сограѓанка на фудбалско игралиште
-
3-годишно дете изело гумена бонбона при што почнало да се гуши и изгубило свест
-
Приведен 21-годишен кумановец, возел со 1,52 промили алкохол во крвта
-
Хуманитарна изложба на кучиња во Белград, парите одат за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани