Балкан
30. March 2025 - 10:56

Хуманитарна изложба на кучиња во Белград, парите одат за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани

Студентите на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград во соработка со професорите денеска организираат хуманитарна изложба на кучиња и сите донации ќе бидат за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани.

Хуманитарната изложба трае од 10 до 14 часот.

Со прегледи и третмани, сопствениците на кучиња ќе придонесат колку што можат пари што ќе бидат пренасочени кон семејствата на жртвите во пожарот во Кочани.