По инаугирацијата Ердоган ќе го претстави својот нов кабинет

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска ќе го претстави новиот кабинет, информираше шефот на Канцеларијата за комуникации на Претседателството, Фахретин Алтун, јави Анадолија.
Алтун во разговор за телевизискиот канал „ТВ 24“ рече дека Ердоган попладнево ќе положи и заклетва во турскиот Парламент.
„По церемонијата на полагање заклетва, Ердоган ќе го посети Аниткабирот, мавзолејот на Ататурк“, рече Алтун.
Алтун информираше и дека претседателот Ердоган ќе приреди вечера за шефовите на држави што ќе присуствуваат на неговата инаугурација.
Високи претставници од 78 земји ќе присуствуваат на церемонијата на полагање заклетва на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Алтун додаде дека Ердоган ќе го претстави и својот нов кабинет во вечерните часови.
Ердоган беше реизбран за претседател на изборите на 28 мај. Тоа е негов трет мандат како претседател на дсржавата.
Ново на Сител
-

Во големиот пожар кај Омиш изгореа 106 возила и 28 куќи, ќе се бара прогласување природна непогода
-

Грчкото МНР: Нелегални се турските морски паркови во Егејското море и Источниот Медитеран
-

Отстранети 122 непрописно паркирани возила од улиците на Општина Центар за една недела
-

Приведен битолчанец за предизвикување пожар, следува пријава
-

Вашингтон и Сакраменто му понудија договор на Вестбрук пред неговото пензионирање
-

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Ласкарци - три лица се повредени
-

Над двеста илјади корисници без струја на Хаваи по налетот на урагант „Лала“
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
