По хаосот што го создаде во Куба, ураганот Јан ѝ се приближува на Флорида
Жители на Флорида од брегот на Мексиканскиот залив ги напуштаат своите домови поради доаѓањето на ураганот Јан, пишуваат дел од светските медиуми. Ураганот се очекува ноќеска, со силни ветрови од 200 километри на час и обилни врнежи дожд.
Над 2,5 милиони жители на Флорида добија предупредување или наредба за евакуација. Националниот центар за урагани проценува дека Јан, најверојатно, ќе стигне до брегот јужно од Тампа, близу Сарасота, каде песочните плажи и бројните одмаралишта се омилени места на голем број пензионери и туристи.
Бурата од трета категорија веќе ја погоди Куба и го присили населението на масовна евакуација. Куба остана целосно без струја, откако Јан го погоди западниот дел на островот. Во мрак останаа околу 11 милиони луѓе, информираше Владата.
Во невремето загинаа две лица, десетици илјади луѓе беа евакуирани и оштетени се бројни згради низ целата земја.
Ново на Сител
-
Шанса за нов живот за прилепскиот уметник Златко Крстески по објавената социјална сторија на Сител
-
ЈКП „Водовод“ – Кочани се „дави“ во долгови, а нема ниту директор
-
Преглед на вестите од светот
-
Христијани го празнуваат Велики петок, денот на Христовото распнување
-
Охрид подготвен за туристите за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов