По два викенда со целосна забрана, прв викенд со скратен полициски час
По два викенда со целосна забрана за движење денеска почнува првиот викенд со скратен полициски час. Забраната за движење денеска ќе почне од 15:00 часот, а ќе трае до понеделник во 5:00 часот наутро. За лицата над 67 годишна возраст денеска ќе биде дозволено движење од 5:00 до 11:00, а младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот.
Според новите мерки што ги однесе Владата во средата, заштитната опрема задолжително треба да се носи во сите затворени јавни места каде што има повеќе лица како маркети, продавници, банки, пошти, здравствени установи, како и при користење на јавен превоз. На отворено заштитна опрема задолжително се носи на пазари и на отворени простори каде нема можност да се одржува физичката дистанца од два метра до другите лица во близина. На отворено заштитна опрема не се носи само ако се престојува во дворот, или терасата од сопствените домови, на велосипед, при спортување на отворено или во патничко возило со лица со кои живеете во заедница или домаќинства.
Автобусите од јавниот градски превоз во Скопје денеска ќе сообраќаат од 5:00 до 15:00 часот, по саботен возен ред, а утре воопшто нема да сообраќаат. Почнувајќи од понеделник, 27 април, и возовите во државава ќе сообраќаат по нов возен ред поради измените во времетраењето на полицискиот час при што во сабота ќе сообраќаат само два воза.
Ноќта помеѓу четвртокот и петокот евидентирани се 33 лица кои не ја почитувале забраната за движење на ниво на целата држава, при што 25 се приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Според статистиката на МВР, на 112 лица им се издадени решенија за изолација, а 82 лица потпишале изјави за самоизолација.
Со олеснување на забраната за движење, полицискиот час секој работен ден, од понеделник до петок во целата држава ќе почнува од 19:00 часот до 05:00 часот наутро. За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05:00 часот наутро до 12:00 на пладне. Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово