-->
-->
По два дена повторно се појавија новозаразени со Ковид-19 во Словенија
-->
После два минати дена без ниту еден нов случај на заразен со новиот коронавирус во Словенија, лекарите повторно евидентираа новозаразени лица.
Националниот институт за јавно здравје објави дека вчера се направени нови 1.338 тестирања за новиот коронавирус, а кај шест лица заразата била потврдена.
Сепак намалување има на бројот на лицата кои болнички се лекуваат од Ковид-19, па така во овој момент низ медицинските центри во земјата хоспитализирани се вкупно 56 пациенти, а поради потешка форма на болеста на одделенијата за интензивна нега се третираат 17 лица.
Изминатите 24 часа од болница се отпуштени три пациенти, а еден човек почина како последица од инфекцијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено