-->
-->
По 50 години, САД се обидоа да испратат вселенско летало на Месечината, мисијата не успеа
-->
Астроботик Технолоџи, компанијата која го разви лунарниот лендер Перегрин, објави помалку од 24 часа по неговото успешно лансирање дека се откажува од мисијата за слетување на лендерот на Месечината. Компанијата наведува дека имало критична загуба на погонско гориво поради истекување во леталото.
По успешното лансирање и одвојување од ракетата, Перегрин не можел да се постави во положба свртена кон Сонцето, најверојатно поради проблем со погонот и не можел да ги полни батериите, пишува Си-ен-ен. Тоа беше првата американска мисија за слетување на Месечината од 1972 година, односно од ерата на мисиите Аполо. Ако сè се одвиваше според планот, лендерот требаше да слета на Месечината на 23 февруари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За викеднот променливо време со повремен дожд и грмежи
-
Без вода дел од општина Ѓорче Петров
-
Приведено лице од велешко, предизвикало пожар на отворен простор
-
Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“
-
Уапсено 27-годишно лице поради производство и дистрибуција на детска порнографија
-
Земјотрес со јачина од 7,5 степени го погоди преминот Дрејк, Чиле издаде предупредување за цунами
-
Премиерот Mицкоски на увид во градежните активности за санација на хидросистемот Ѓавато
-
Зеленски: Мора да извршиме притисок врз Русија - Путин не разбира ништо друго освен сила и притисок