-->
-->
По 5 години во Италија, Ристовски во Ријека
-->

Македонските фудбалери Иван Настевски и Стефан Ристовски кариерите ќе гои продолжат во Србија односно Хрватска. Настевски потпиша договор со Нови Пазар, а Ристовски со Ријека.
Иван Настевски (23) договори двегодишна соработка, тој во Нови Пазар пристигна од грчкиот второлигаш Агротикос Астерас за кој во пролетниот дел од сезоната одигра десет натпревари и постигна еден гол.
Играчот од средниот ред во кариерата ја започа во Македонија ЃП, а има настапувано за Вардар, Работнички, Тетекс и Етникос.
„Очекувам добра сезона во клуб кој има големи амбиции. Ова е фудбалски град, клубот има фантастични навивачи. Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата и дека ќе избориме пласман во европските купови“, рекол Настевски.
Стефан Ристовски кој изминатите пет сезони играше во Италија, од наредната сезона ќе го носи дресот на Ријека. Десниот бек со Ријека потпиша тригодишен договор.
Ристовски (23) беше играч на Парма, клуб кој банкротираше и е префрлен во Серија Д. Поради тоа Ристовски како слободен играч потпиша договор со Специја, а потоа веднаш е испратен на позајмица во Ријека.
Ристовски е младинец на Вардар во 2010 се пресели во Парма, а во Италија настапувал за Кротоне, Фросиноне, Бари и Латина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Генералниот секретар на НАТО Руте пристигна во Скопје
-

Лавров: Каде се доказите дека Иран развива нуклеарно оружје
-

ИДФ: Иран повторно лансира ракети кон Израел
-

Зеленски: Војната во Иран може да го отежне снабдувањето на Украина со ракети
-

Црвена полумесечина: Речиси 800 убиени во израелско-американските напади врз Иран
-

Цените на нафтата дополнително растат додека Иран блокира витална поморска рута
-

Либанската армија се повлекува од своите позиции во близина на границата со Израел
-

Вкупно 473 наши државјани досега ги контактирале ДКП-ата во Тел Авив, Доха и Абу Даби
