По 36 години повторна средба на „воините од подземјето“

Во далечната 1979 година, Валтер Хил го сними филмот „Воини од подземјето“ посветен на бандите на Њујорк, кои тогаш се најде на мета на голем број критичари, но и покрај тоа, стана култна класика со која пораснаа повеќе генерации.
Денес тие деца се луѓе во години, но во нивните сеќавања засекогаш останале незаборавените сцените и цитатите од филмот, како што се „Can you dig it?“ или „Warriors, come out and play - ay“.
На кратко, станува збор за филм кој се најде на многубројните листи за најдобри фимови во сите времиња.
Токму затоа, 36 години подоцна многумина ги воодушеви веста дека екипата на овој холивудски класик ќе се собере неделава на Кони Ајленд, каде беше снимена последната сцена од филмот.
Продуцентот Ерик Најнхис ја организира повторната средба на која „воините“ ќе се појават во своите костими од филмот.
Фановите ќе можат да разговараат со актерите, организирано е потпишување автограми, концерти, а на крајот на денот ќе биде прикажан и филмот.
- Ова е типичен њујоршки филм кој го прикажа овој град на единствен начин. Не знам што го прави култен филм или зошто генерации гледачи уживаа во него. Навистина не знам, затоа што никој од нас ни режисерот, ни студиото, ни продуцентот, никој не сонуваше дека снимаме филм кој ќе остави ваква трага, изјави Мајкл Бек, кој во филмот го отелотворени лидрерот на „воините“, Свана.
Ново на Сител
-

Предлог-измените на Законот за ДДВ го поминаа првото читање пред матичната собраниска Комисија
-

Министерство за економија и труд: Повисоки плати и повеќе работни места преку новите мерки за инвестиции
-

Струшката полиција откри три бразилки и една девојка од Перу со незаконски престој во земјава
-

Додека бил на работа запалил службени материјали во метално буре, кривична за инспектор од Македонска Каменица
-

Четири лица нападнале 61-годишен маж и неговиот внук, едно лице од нив испукало со пиштол во воздух
-

ДНК-анализа: Хитлер имал генетски нарушувања што влијаеле на неговите гениталии
-

Украина и САД започнаа со производство на дронови-пресретнувачи
-

38-годишен скопјанец управувајќи велосипед удрил во пешак на бул.„Партизански Одреди“
