-->
-->
Плзен не го паметиме по добар резултат
-->

Со репрезентација на на Чешка досега имаме одиграно вкупно 13 натпревари со биланс 4 победи – 3 нерешени – 4 порази. Во последните години можеме да кажеме дека сме поуспешни од нашиот денешен ривал особено што во баражот за СП во Франција во јуни ги елиминиравме, на ЕП 2012 во Србија победивме во решавачкиот дуел од групата во Ниш, а две години потоа во Хернинг на ЕП 2014 во Данска одигравме нерешено што беше доволно Македонија да се пласира во следната фаза. Како и нерешниот дуел пред две години во Злин.
Но, од оваа репрезентација ги имаме доживеано и најтешките порази. На ЕП 1998 година во Италија во Болцано беше 38:18 за Чешка, а пред нешто повеќе од 10 години во квалификациски дуел од група Чешка во Плзен не победи со 43:25.
Натпревари во квалификации:
Чешка – Македонија 33:16 (27.09.1995 – Чеб)
Македонија – Чешка 27:27 (30.09.1995 – Ресен)
Македонија – Чешка 36:31 (18.01.2006 – Скопје)
Чешка – Македонија 43:25 (21.01.2006 – Плзен)
Чешка – Македонија 27:27 (02.11.2014 – Злин)
Македонија – Чешка 32:28 (14.06.2015 – Скопје)
Чешка – Македонија 28:22 (11.06.2016 – Злин)
Македонија – Чешка 34:27 (15.06.2016 – Скопје)
Натпревари на Европски превнства
ЕП 1998: Чешка – Македонија 38:18 (Болцано)
ЕП 2012: Македонија – Чешка 27:21 (Ниш)
ЕП 2014: Македонија – Чешка 24:24 (Хернинг)
фото: Игор Паневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
