Плевнелиев: Северна Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ, Макрон греши
Северна Македонија мора да ги почне преговорите со Европската Унија, а францускиот претседател Емануел Макрон не треба да го блокира тоа, смета поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев.
Во изјава за БГНЕС, Плевнелиев вели дека ЕУ треба да донесе одлука за старт на пристапните преговори и со Северна Македонија и со Албанија со што ќе го покаже својот кредибилитет и стабилизирачка улога на Балканот.
-Отсекогаш сум бил против кога некоја од земјите членки на ЕУ, како што е сега случајот со Франција поради внатрешно-политички причини ги блокира проширувањето на Унијата и заедничките проекти кои се од општ интерес. Сите знаеме колку е важно Северна Македонија и Албанија сега да добијат покана за почеток на преговори. Во момент кога има многу силен геополитички судир на Балканот, ЕУ мора да ја покаже својата сила и моќ, вели Плевнелиев.
Потсетува дека своевремено и Бугарија била жртва на таквата политика, од страна на Холандија.
Плевнелиев ја повика Франција да не подлегнува на внатрешно – политичките битки и да мисли на заедничкиот, а не само на сопствениот интерес.
Ново на Сител
-
Анкета: Мнозинство Германци поддржуваат враќање на воениот рок
-
Макрон и натаму загрижен поради „Хамас“ и покрај примирјето во Газа
-
Бајден и Клинтон го пофалија Трамп за улогата во постигнувањето на прекин на огнот во Газа
-
Милевски: Кога ќе видам дека сите се разочарани по реми, тоа ми кажува дека имаме карактер и квалитет
-
Без струја дел од Аеродром и Карпош
-
Последни четири дена од изборната кампања
-
Словачкиот претседател Пелегрини во официјална посета на земјава
-
Сончево со температура до 23 степени