Пленковиќ смени тројца министри од Мост
Хрватскиот премиер Андреј Пленовиќ смени денеска тројца министри од Мост, кои гласаа за смена на министерот за финансии Здравко Мариќ.
Пленковиќ на седница на Владата, која хрватските медиуми ја опишаа како мошне драматична ги разреши министрите за внатрешни работи Влах Опериќ, министерот за правда Анте Шпрље и министерот за заштита на животната средина и енергетика, Славен Добровиќ.
Владата одлучуваше за предлогот на опозицијата за изгласување недоверба на министерот за финансии Здравко Мариќ, а премиерот Пленковиќ ги повика сите министри да се изјаснат против изгласувањето недоверба.
Но министрите Добровиќ, Опериќ и Шпрље гласаа против Мариќ.
- Го замолувам секретарот да подготви одлука за разрешување на тројцата министри на Мост, рече премиерот по гласањето.
Ново на Сител
-
Освен физичко обезбедување на Центрите, УПОЗ бара и обезбедување на социјалните работници на терен
-
5 години дел од НАТО – членството на Македонија донесе стабилност и оптимизам во регионот
-
Политичарите најчесто шират содржини со штетни наративи
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома