Пленковиќ се заблагодари на САД за изземањето на Хрватска од визниот режим
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ја поздрави одлуката на американското Министерство за внатрешна безбедност да ја вклучи Хрватска во програмата за изземање од обврската за визи, велејќи дека тоа дополнително ќе ги зајакне врските меѓу двете земји.
„Ја поздравувам одлуката на американското Министерство за внатрешна безбедност да ја вклучи Хрватска во Програмата за изземање од визи“, напиша Пленковиќ на Твитер.
Тој додаде дека најмногу корист ќе имаат хрватските граѓани кои ќе можат да патуваат во САД без визи, додавајќи дека изземањето на Хрватска од визниот режим, што беше еден од приоритетите на надворешната политика на хрватската влада, ќе придонесе за уште посилни врски меѓу двете земји.
„Со реализација на овој приоритет за надворешна политика, ние дополнително ќе ги зајакнеме врските меѓу Хрватска и САД“, порача премиерот Пленковиќ на Твитер.
Претходно беше соопштено дека најдоцна до 1 декември, Електронскиот систем за одобрување на патување (ЕСТА) ќе им овозможи на хрватските граѓани да аплицираат за службени или туристички патувања во траење до 90 дена без потреба од добивање виза.
За да може една земја да влезе во оваа програма, мора да ги исполни критериумите од областа на борбата против тероризмот, спроведувањето на законите, имиграција, безбедноста на документите и управувањето со границите. Исто така услов е и процентот на одбиени визи да биде под три проценти, што Хрватска го исполни неодамна.
Ново на Сител
-
СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски
-
Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток
-
Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија
-
Им подавам рака на младите, Македонија има потреба од нивниот ум за да стане подобра држава, порача Мицкоски
-
Литванскиот претседател со критики за германскиот канцелар за неактивност кон Русија
-
Американски медиуми: Припадници на гардата почнаа да пристигнуваат во Лос Анџелес
-
Министерот Муцунски утре во работна посета на Казхстан
-
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи