Пленковиќ: Настојуваме да ги решиме спорните прашања со соседите

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ изјави дека ќе настојува неговата влада да реши прашања што ги отежнуваат односите со соседите.
– Ќе настојуваме да бидеме влада која ќе реши бројни прашања што ги отежнуваат нашите односи со соседите, но ќе ги решаваме интелегентно, смирено настојувајќи да се потпреме на сите политички и дипломатски средства кои ги имаме, цврсто штитејќи ги интересите на Хрватска, изјави Пленковиќ.
– Тоа се донесува и на Србија, додаде Пленковиќ кој потенцираше дека во петокот во Давос се сретнал со премиерот на Србија Александар Вучиќ.
– Водиме одговорна политика и тоа ќе го продолжиме. Исто е и во односите со другите соседи, нам пријателски членки на ЕУ, Унгарија, Словенија и Италија, рече Пленковиќ.
Хрватскиот премиер оцени дека европските и светски официјални лица препознаваат дека хрватската политика е насочена кон мирно решавање на отворени прашања со сите соседи.
– Тоа по наше длабоко уверување е најдобро за БиХ и за Црна Гора каде имавме прилична нестабилност и за Македонија и за Косово и за Албанија и за Србија. Се се тоа држави кои гледаат на Хрватска, на нашето искуство и нашиот модел, изјави хрватскито премиер.
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
