Платен убиец ги откри тајните на занаетот: Како правам луѓето да исчезнат?

Овој 29-годишен маж досега убил 30 луѓе за 9 години, во главно на подрачјето на Коста Гранде во Гереро во Мексико. Тврди дека никогаш не зажалил за тоа што го работи - всушност смета дека работи за општото добро.
"Често вашето соседство или град сакаат да го преземат луѓе кои ќе ве загрозат вас и вашето семејство. И тогаш треба да реагирате бидејќи властите нема да ви помогнат", рекол убиецот во разговорот за AP.
Објаснил дека "елиминацијата" на таквите луѓе почнува со снимање на метите и киднапирање, и тоа обично во утринските часови кога сите спијат. Потоа жртвата се носи во сигурна куќа или шума каде никој не може да го слушне тоа што следи, а тоа е мачење со електро шокови. Целта на мачењето е да се добие информација, а во 99 проценти од случаите се добива, рекол тој. Потоа, жртвата повеќе не е потребна - следи убиство и закопување на телото на тајни места или фрлање во океан.
Мексиканските власти објавиле во вторникот дека откриле 19 тела во масовна гробница во Гереро, но убиецот со кој разговарале новинарите на AP тврди дека ниту една од неговите жртви никогаш не била откриена. Убиецот инаку се занимава со одгледување на стока, а интервјуто било одржано под негови услови: Неговиот идентитет и името на картелот за кој работи не биле откриени, носел маска, а еден од неговите шефови бил присутен.
Платениот убиец рекол и дека има некои стандарди - никогаш не убил жена или дете, и ниту една од неговите жртви не морала сама да го копа својот гроб. Но, признава дека можеби три пати убил погрешна личност. Не е оженет и нема деца.
"Не можете да ја работите оваа работа и да имате планови за иднината, бидејќи не знаете што ќе биде утре. Не е тоа баш некој убав живот", се пожалил платениот убиец.
Од 2007. година во Мексико се пријавени исчезнувања на 26.000 луѓе, од кои неколку илјади на подрачјето на Гереро, пренесува Sky News.
Ново на Сител
-

СДСМ исклучи од партијата советник од Општина Карпош кој гласал спротивно на партиските одлуки
-

Поради силен ветер два авиони пренасочени од Скопје во Приштина
-

Пожари во пехчевските села Чифлик и Црник
-

Почувствуван земјотрес во североисточниот дел на Македонија
-

Сведочења на лекари и оштетени пред Судот во случајот „Онкологија“
-

Тошковски подложен на хируршка интервенција, МВР продолжува непречено и ефикасно да функционира
-

Одложени судски рочишта против Мерко и за родилката од Дебар, парична казна за адвокатот на првообвинетите
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ немаше јасна стратегија за Балканот, доцнеше зад САД, а и денес преферира двојни стандарди
