„Планински кавијар“ премиерно на „МакеДокс“

Во рамки на „МакеДокс“, вечер од 22:30 часот во Куршумли-ан премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Планински кавијар“ од Јордан Дуков, во продукција на ТВ Телма.
Ова е втора премиера на македонски документарен филм по „Со љубов“ на Атанас Георгиев со кој се отвори Фестивалот.
Синоќа во Даут-пашин амам почна работилницата „Една слика, илјада зборови“. Работилницата ќе трае до 25 август, а е за визуелна нарација, што е лајт-мотив на годинашниот „МакеДокс“. Првите два дена ја води Кристина Первила Андерсон, а на 23, 24 и 25 август ќе се приклучи и Туе Стин Милер.
Родена во 1960 година, Первила Андерсон работи како независна продуцентка од Финска од 1988 година. Зад себе има околу 40 креативни долгометражни филмови за ТВ и кино, голем број меѓународни музички продукции и снимања на настапи во живо и на гостувања на странски оперски куќи во Финска и Шведска. Во април 1999 година ја формира „Милениум филм“. Оттогаш, работела и како аналитичарка, експертка, менторка и модераторка во „Еуродок“, Европската документарна мрежа (ЕДМ) и во програмите за обука на „Чиледок“.
Стин Милер, најпознатиот светски експерт за документарци, никогаш нема фатено камера в рака, но, цели 20 години работел како филмски уредник, дистрибутер и фестивалски менаџер во Данскиот филмски одбор. Десет години раководел со Европската документарна мрежа (ЕДМ), а бил и програмски директор на низа филмски фестивали. Како признат експерт за современите источно-европски документарни филмови, држи работилници и консултации за филмски режисери и предава на разни европски филмски школи, овие денови и на „МакеДокс“.
Вечра се одржа и светската премиера на филмот „Град на светлината“ на словенечкиот автор Марко Кумер Мурч, додека претходната вечер, на 20 август, беше промовирана книгата „Социјалниот архетип во документарниот филм“ од Маријана Котевска-Георгиева, во издание на „Арс Ламина публикации“.
Своите нови филмови на „МакеДокс“ ги претставија и присутните гости Готфри Фајнберг, кој го донесе филмот „Висење“, и хрватската авторка Бојана Бурнач, која го претстави филмот „Мојот живот без воздух“ за хрватскиот шампион во слободно нуркање.
Осмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ е поддржано од Агенцијата за филм на Република Македонија, МЕДИА - потпрограма на „Креативна Европа“ и Националната фондација за демократија од Вашингтон и Град Скопје.
Ново на Сител
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
