-->
-->
Планинарски марш во чест на „Илинден“
-->
Во организација на планинарското друштво „Кадиица“ од Пехчево денеска беше реализиран планинарскиот марш до село Спиково, што се одржува во чест на големиот празник Илинден
Стратната точка на маршот беше од градскиот плоштад во Пехчево, а попатно планинарите ги посетија месностите Равно Борје, Трештена Полена и Китката.
Маршутата долга петнаесетина километри планинарите од Пехчево и нивните гости од Пробиштип, Делчево, Крива Паланка и Берово ја поминаа за три часа.
Учесниците на планинарскиот марш до село Спиково присуствуваа и на осветувањето на новоизградената црква посветена на „Свети Илија“.
- Оваа планинарска тура што ја организиравме со подршка на Општина Пехчево, во наредниот период ќе биде традиционална, изјави Марјан Митриновски, претседател на планинарите од Пехчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лишени од слобода три лица од кривопаланечко поради извршено кривично дело убиство
-
Советот на јавни обвинители ја исклучи јавноста од точката за разгледување предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски
-
Реал прв финалист во шпанскиот куп
-
Дембеле за мечот со Данкерк: Останавме фокусирани и покрај водството на противникот
-
УХМР: Зголемен водостостојот на реките
-
Палчо отстранет од судница, Кешишев се плаши да зборува пред него
-
Во Тетово приведен бегалец од затвор
-
НБА суспендираше петмина кошаркари за тепачката во Минеаполис