Планинари од Делчево и Софија се искаќија на Илов врв за Денот на независноста

Двесетина планинари од планинарското спортско друштво „Голак“ од Делчево и планинари од Софија соседна Бугарија по прв пат организирано го искачија врвот на Малешевските Планини, Илов врв, познат како Џама Тепе висок 1803 метри.
Како што истакна на денешната прес-конференција Љупчо Чучуковски, претседател од ПСД „Голак“ од Делчево, планинарската маршрута била организирана по повод Денот на независноста - 8 Септември и Денот на ослободувањето на Делчево, 7 Септември.
- Традиционално, ние на планинарскиот марш по повод Денот на независноста на Македонија го искачувавме највисокиот врв во Македонија, Кораб, но оваа година одлучивме нашата цел да биде Илов врв, бидејќи сакаме да ги промовираме Малешевските Планини како одлична дестинација за планинарење, малку позната меѓу планинарите од земјава. Планината, која меѓу луѓето е позната и како мала Швајцарија, е идеална за овој спорт и заслужува да биде цел на сите планинари, истакна Чучуковски.
Тој додаде дека планинарите поминале 16 километри во двата правца, од почетната точка, туристичката населба Равна Река на 1.100 метри надморска височина, па сѐ до крајната цел Илов Врв за 6 часа.
Ново на Сител
-

НАСА: Срушен е рекордот - човек отпатува најдалеку од Земјата досега
-

Трамп: Иран може да биде уништен преку ноќ
-

Кривична за Струшкиот градоначалник, именувал директор без соодветно образование и непознавање на англиски јазик
-

Воз му ја прегазил ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија
-

МП: Протестот е темелно демократско право, но загрижува улогата на одредена опозициска партија и обидот за манипулација
-

Кривична за поранешниот градоначалник на Кичево, Дехари - го оштетил буџетот за 1,6 милиони евра
-

24-годишник со „ауди“ возел со 212 км на час на автопатот Скопје-Штип
-

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски
