-->
-->
Планинари од Делчево и Софија реализираа високогорска акција на Осоговските планини
-->
Високогорска екипа составена од планинари, членови на планинарскиот спортски клуб „Голак“ од Делчево и Софија, Р. Бугарија, вчера ја реализираа зимската високогорска кружна акција за искачување на врвовите Руен, Мал Руен и Сокол на Осоговските планини.
Стартна точка на акцијата како што информираше претседателот на ПСК ,,Голак”, Љупчо Чучуковски бил рудникот Саса.
- Маршрутата започна од Рудник Саса кој се наоѓа на 1550 метри надморска висина, преку Тракато Брдо (1800 м.), врв Руен (2252 м.), врв Мал Руен (2206 м.), врв Сокол (2038 м.), Црна трава (1700 м.) и повторно назад кон Рудник Саса (1550 м.). Се работи за три врва кои се наоѓаат во Пијанец, што е мошне важно за нас како клуб, кој има за цел да ги промовира овие помалки познати врвови во Македонија, информираше Чучуковски.
Вкупната должина на високогорската акција, како што додаде изнесувала во 11 километри.
- Овие 11 километри беа поминати по еден многу убаво поминат ден со многу сонце, без облаци, повремено со среден ветар, снег како и голема видливост, позитивна енергија и многу спокој, додаде Чучуковски.
Вакви и слични високогорски акции од ПСК „Голак“ најавија и за во наредниот период.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ФИФА го казни Шкупи
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка