Планинари на минус 25 степени спасија живот на момче на Шар Планина: "Лежевме на него да не замрзне"
Тројца храбри планинари му го спасија животот на 17-годишното момче што вчера падна во бездна и удри во карпа на Шар Планина, кај Титов Врв. Со натчовечки напори тие дадоа се од себе да му го спасат животот на момчето на -25 степени целзиусови.
Еден од храбрите планинари, кој останал цела ноќ со младиот Кристијан е Дамјан Карловски, кој за Телеграф.мк раскажа што се случувало ноќта меѓу саботата и неделата:
- Го најдовме после неколку минути, и од таму почна цело спасување, го ставивме во четири вреќи и го замотавме во една изомата (алуминиумско ќебе), за да не замрзне бидејќи беше минус 25. Се јавивме за помош дури во 1 часот по полноќ бидејќи немавме мрежа во дупката и телефоните ни беа замрзнати. Во 1 и 30 часот добивме врска и ни кажаа дека ќе дојдат спасувачи со хеликоптер. Ги чекавме цела ноќ. Дојдоа во 10 часот. Кога дојдоа, ги прашавме дали имаат морфиум да му дадат на Кико, на што ни одговорија дека имаат, но дека е со поминат рок, раскажа Дамјан.
Вели дека цела вечер лежеле до нивниот повреден другар, го топлеле со нивните тела за да не премрзне.
- Во 6 и 30 часот дојдоа двајца планинари, претседателот од нашето друштво „Трансверзалец“, Зоки-Москито и чичко Диме. Кико не беше свесен кај се наоѓа. Имаше повреди по целото тело и на главата, но на моменти се будеше. Кога пристигна помошта во 10 часот, го однесовме со хеликоптер до Скопје во државна болница. Јас бев со него цело време. Вчера го снимаа и за среќа нема никакви скршеници, нема внатрешни крвавења и нема смрзнатини по нозете и рацете, добро го сочувавме - вели Дамјан за Телеграф.
Ново на Сител
-
Ќе ќари ли Бугарија поени откако падна одлука Тирана и Скопје одделно да чекорат до ЕУ?
-
Зоолошката не треба да биде партиски обоена! | Ѓорги Галетановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 058
-
Тема на денот со Игор Митревски, инженер и специјалист за безбедност во сообраќај
-
Орбан пристигна во Охрид
-
Општините да внимаваат како ќе ги трошат парите од унгарскиот заем
-
Албанија ги почнува преговорите со ЕУ, Македонија останува во европската чекална
-
Бугарските политичари го поздравуваат раздвојувањето на Македонија и Албанија
-
Мицкоски за одлуката на Брисел: Ова е диктат, не дозволувам двојни стандарди врз грбот на Македонија