Пјонгјанг со критики до САД поради предупредувањата во однос на санкциите против него
Северна Кореја упати критика поради „хистеричната лудост“ на САД во Обединетите нации, кои според севернокорејските власти им се закануваат на другите земји за да ги применуваат санкции против неа.
Мисијата на Северна Кореја во ОН ги повика земјите-членки на организацијата да ја преразгледаат примената на санкции, усвоени од Советот за безбедност на ОН и да ја оспори нивната легатимност.
Оваа изјава е изнесена по серијата седници на Комисијата на ОН за примена на санкциите.
Северна Кореја ги обвинува САД дека применуваат „незамисливи методи, за да ги натераат останатите земји да ги применат тие санкции, со тоа што им се закануваат и отворено им споменуваат сериозни санкции“, се наведува во изјавата на Мисијата на Северна Кореја во ОН.
САД предупредија дека ќе воведат санкции против земјите, кои продолжуваат да имаат трговска размена со Северна Кореја, нарушувајќи ги на тој начин санкциите, воведени против Пјонгјанг од СБ.
Комисијата на ОН за примена на санкциите, со која претседава Италија, спроведе серија седници зад затворени врати со земјите од секој регион на светот со цел да дадат отчет за применувањето на санкциите против Северна Кореја.
Досега од 193 членки само 54 доставиле извештај за примена на санкциите, воведени во ноември минатата година, а само 89 претставиле отчет за примена на санкциите, усвоени во март минатата година.
Ново на Сител
-
Студентите во Србија кои организираат блокади, ги повикаа граѓаните в недела на протести пред Уставниот суд
-
Пратениците во петок се враќаат на работа, на првата пленарна седница неколку интерпелации
-
Трудо: Канада нема да стане дел од САД
-
Трамп не ја отфрли можноста за употреба на сила за преземање на Панамскиот канал и Гренланд
-
Повторно издаден налог за апсење на претседателот на Јужна Кореја
-
Поради шумски пожар, 30.000 луѓе се евакуирани во близина на Лос Анџелес
-
Трамп бара членките на НАТО да потрошат пет отсто од својот БДП за одбрана
-
Сончево и релативно топло за овој период од годината